Денеска со почеток во 18 часот и 30 минути во СРЦ “Кале” силите ќе ги одмерат ракометните екипи на РК Вардар Јуниор и РК Охрид. Овој денешен натпревар ќе биде последен за Јуниор во оваа календарска година. Пред нашите момци ќе стои сериозен противник во името на РК Охрид кој оваа сезона има подобар тим од нашиот млад состав.
Овој натпревар сите љубители на Вардар и ракометот ќе имаат можност да го проследат и низ директен пренос на МТВ (18.30 (СОБРАН) дом.ракомет: ВАРДАР ЈУНИОР-ОХРИД – (ком: Ј.КОСТОВСКИ). Се надеваме на добра игра и интересен натпревар.