Младиот состав на Вардар Јуниор даде силен отпор на гостувањето кај Бутел, но на крајот беше поразен, на меч од 16.коло во Супер-Лигата.
Откако и двете екипи го постигнаа својот прв гол, избраниците на Петрушевски и Манасков, први успеаа да поведат со два гола разлика (1:3), откако погоди Кукуловски. Истава позитива од два гола ја имавме и при резултат 3;5, но домашниот тим влезе во серија, па набргу направи и резултатски пресврт. Следеше лош период во нашата игра, кој го искористија бутелчани, постигнаа пет последователни голови, што значеше водство од 8:5. Вардар Јуниор не се даваше, пружаше силен отпор и одржуваше резултатска рамнотежа во првиот дел. Се доближивме на само еден гол негатива 10:9, но домаќинот со мини серија од два погодоци, го врати највисокото водство од три гола разлика (12:9). На полувреме, Бутел имаше позитива од само два гола (15:13).
Црвено-црните го постигнаа првиот гол во вториот дел, откако од седум метри погоди Стефан Крстевски за намалување на 15:14. Сепак во следните 16 минути од натпреварот беше решен победникот, кога Бутел направи серија од 9:1 и стигна до највисоки 24:15. Намали Вардар Јуниор на 26:20, но немаше време за големи возбудувања. На крајот Бутел слави победа со резултат 28:21. Сепак Бутел е многу поискусен, а важи за екипа која има шанси да се најде во плеј-офот.
Вардар Јуниор: Димов 1, Јанковски, Кукуловски 7, Нанов, Јакимовски, Постолов, Карапалевски 1, Петковски, Ќосевски 1, Анѓелковски 1, Гашовски, Крстевски 8, Анѓеловски, Ѓорѓиев 1, Анастасовски 1, Ставровски.