Денешниот наш ривал е амбициозен тим кој лани беше прв во Првата лига во која до пред крајот за врвот се бореше со нашиот трет сениорски состав РК Вардар-2 кој тогаш беше предводен од Петрушевски. Тие осетно се засилија за нивната промоција во суперлигашката конкуренција дел од новите имиња во нивниот ростер се : мароканецот Ашраф Адли, србинот Милан Филиќ, како и неколку домашни ракометари, Мите Караиванов, Градимир Чаневски, Дејан Пецаковски, Златко Мојсоски и Филип Чурлевски. Денешниот натпреварот е закажан со почеток во 18 часот и 30 минути истиот ќе се одигра во Спортско рекреативниот центар „Кале”, а влезот на овој дуел ќе биде слободен. Нашиот Вардар јуниор сезонава се подмладуваше во однос на лани, дел од ракометарите од РК Вардар-2 сега се „прекомандувани” во овој тим на чело со нивниот тренерот Петрушевски. Исто така во нашата екипата ќе недостасуваат неколку првотимци кои се подготовки со првиот тим во Словенија.