Избраниците на Пепи Манасков младите вардарови ракометари од тимот на РК Вардар јуниор во 5-тото коло од Плеј-аут сегментот во суперлигашката конкуренција се стетна со тимот на ГРК Борец од Велес. Младиот вардаров црвено-црн колектив одигра реми 26-26 со тимот на гостите од Велес, кои на полувреме водеа минимално со 11-12 во овој дуел.
Први поведоа гостите од Велес на што нашите момци веднаш одговорија со погодок. Во продолжение продолжи да се игра ракомет кој беше рамноправен, се играше гол за гол на двете страни резултатот беше 5-5 негде на половина од првиот дел во спортскиот центар “Кале“ каде и и се играше овој дуел. Потоа поведовме првпат со два плус , 7-5 . Следеа минути на на гостите тие има а подобра игра во поле , ефикасна и цврста одбрана и успеаа да го преземат водството со серија 3-7 поведоа со 10-12 во самиот финиш на првиот дел, сепак успеавме пред крајот да дадеме 11-ти гол и да заминеме на пауза со минимална негатива од еден гол. Вториот дел го почнавме со гол за изедначување 12-12, по што повторно на сцена стапи играта гол за гол. Гостите водеа со 15-16 одкако на двете страни се погодија по четири пати успешно противничките мрежи. Борец константно водеше се до 19-20 кога успејавме да изедначиме на 20-20. Велешани ја прават нивна серија 1-3 и влегуваат во завршницата со добитен резулат 21-23 за нив, сепак успеваме да постигнеме на крајот два последователни гола и да влеземе во последните 5 минути со реми. Докрајот се тресеа двете мрежи по три пати и сосема реално, заслужено овој меч заврши со поделба на бодовите. Кај РК Вардар Јуниор најефикасне беше Манасков Мартин со 6 гола, потоа следуваа Вујачиќ Ристо со 5 и Чурлевски Филип со 4 погодоци.