Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нант и Рајн-Некар одиграа со нерешен резултат, Вардар е сигурен патник во 1/4 на ЛШ
Нант и Рајн-Некар одиграа со нерешен резултат, Вардар е сигурен патник во 1/4 на ЛШ

Нант и Рајн-Некар одиграа со нерешен резултат, Вардар е сигурен патник во 1/4 на ЛШ

Вардар е во четврфиналето на Лигата на Шампионите, откако вечерва Нант одигра само со нерешен резултат во дуелот со Рајн-Некар. Првото полувреме му припадна на Нант, кој водеше со 13:15. Во вториот дел гледавме многу израмнет меч, се играше гол за гол. Во последните пет минути, французите влегоа со два гола предност (26:28), кои Рајн-Некар успеа до крајот да ги анулира и на крај да одиграат со нерешен резултат 30:30.

Во овој момент, Нант се израмни според бројот на освоени бодови со Вардар, кои имаат по идентични 20 бодови. Во случај утре Вардар да загуби од Висла Плок, пак ќе остане на првото место, поради подобриот меѓусебен дуел. Да потсетиме нашиот шампион во Скопје славеше со резултат 27:23, додека во Франција загуби минимално со 27:26.

Вардар и ПСЖ се екипите од двете групи, кои обезбедија директен пласман во четврфиналето. Ова е втора сезона по ред, избраниците на Гонзалес да играат директно во 1/4, откако и минатата сезона завршија како први во својата група.