Ракометарите на Вардар 1961 се лидери во групата А, се додека Кил не одигра трет натпревар. Вардарци на феноменален начин ја отворија новата сезона и по три одиграни рунди, (две дома и една на гости) има пет бодови и во овој момент се наоѓа на првата позиција на табелата во групата А.
Во овој момент по три одиграни натпревари, Вардар има постигнато 92 погодоци, а примено 82, што е плус од десет. Во следното коло одново Вардар игра на домашен терен, овој пат против екипата на Монпелје од Франција.
Погледнете како изгледа табелата во групата А во овој момент: