Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Натпреварот Вардар – Брест Мешков е дерби на третото коло во СЕХА-лигата
Натпреварот Вардар – Брест Мешков е дерби на третото коло во СЕХА-лигата

Натпреварот Вардар – Брест Мешков е дерби на третото коло во СЕХА-лигата

Утрешниот натпревар на РК Вардар против Брест Мешков е прогласен за меч на третото коло во СЕХА-лигата. Слично како и во лигата на шампионите, така и во новата сезона на СЕХА-лигата во секое коло ќе се врши избор на дерби натпревар, кој ќе го означи колото во ова натпреварување. После две одиграни кола, црвено-црните се наоѓаат на првото место на табелата, со максимални шест освоени бодови, додека Брест Мешков има една победа и еден пораз.

Натпреварот се игра утре во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:45 часот. Очекуваме повторно добра игра и продолжување на победничката серија на Вардарци.