Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Брест Мешков мора да падне, Вардар се враќа на победничките патеки
Брест Мешков мора да падне, Вардар се враќа на победничките патеки

Брест Мешков мора да падне, Вардар се враќа на победничките патеки

Вардар се враќа на настапите во Лигата на Шампионите. Вечерва со почеток од 17:00 часот во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Брест Мешков.

Црвено-црните ќе се обидат да ја прекинат серијата од два порази и да се вратат на победите. Ова ќе биде петти меѓусебен дуел на Вардар и Брест Мешков во Лигата на Шампионите. Вардар има две победи, еден меч завршил со нерешен резултат, додека противникот еднаш славел. Последниот натпревар одигран во Јане Сандански, успеавме да го добиеме убедливо со резултат 30:23, додека последната средна на овие екипи беше во Белорусија, дуел кој заврши со нерешен резултат.

Во пресрет на денешниот натпревар, актуелниот Европски Шампион се соочува со проблеми поради повредени играчи. И покрај повредата, Скубе ќе стисне“ заби и денес ќе биде во составот за дуелот со Брест Мешков. Горпишин и Атман нема да бидат подготвени додека Стоилов се наоѓа во составот.

Мешков има само една победа после пет одиграни кола во најсилната група Б, единствениот триумф го остварија на домашен терен во дуел против екипата на Мотор Запорожје. Без оглед што се соочуваме со проблеми во однос на составот, Вардар е фаворит за освојување на бодовите и само со победа може да се надеваме на висок пласман на крајот од групната фаза.

Очекуваме и голема поддршка од публиката, која треба да биде осмиот играч на Вардар на овој дуел. Сигурни сме дека играчите ќе остават срце на терен и на крајот заедно ќе се радуваме.