Од 28 екипи кои оваа сезона се натпреваруваат во Лигата на Шапионите, дури од 26 тимови имаше барем еден играч кој настапи на изминатото Европско првенство кое се играше во Хрватска. Единствени кои немаа свој претставник на ЕП а се дел од ЛШ, се екипите на Чеховски Медведи (Русија) и Елверум (Норвешка).
Најмногу репрезентативци на ЕП во Хрватска имаше екипата на Кил и тоа вкупно 12, додека второто место го делат дури три екипи, тоа се Рајн Некар Ловен, ПСЖ И Веспрем, кои даваа вкупно 11 свои ракометари на ЕП во неколку различни репрезентации. Што се однесува до нашиот Вардар, од неговите редови имаше вкупно осум ракометари ( три во селекцијата на Хрватска, по два во Шпанија и Македонија и еден во Србија). На крајот двајца вардарови ракометари станаа “златни“, откако Кањелас и Штербик со Шпанија го освоија првото место.
Вака изледа листата на екипи, кои дадоа најмногу ракометари на ЕП:
1. Кил (12)
2. Рајн Некар (11)
3. ПСЖ (11)
4. Веспрем (11)
5. Барселона (10)
6. Фленсбург (9)
7. Брест Мешков (8)
8. Вардар (8)
9. Нант (7)
10. Киелце (6)
11. Загреб (6)
12. Металург (5)
13. Монпелје (5)
14. Целје П.Л (5)
15. Висла Плок (4)
16. Пик Сегед (4)
17. Горење Велење (4)
18. Кристијанштад (3)
19. Скјерн (2)
20. Шафхаузен (2)
21. Запорожје (2)
22. Алборг (2)
23. Бешикташ (2)
24. Адемар Леон (1)
25. Динамо Букурешт (1)
26. Спортинг Лисабон (1)