Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не го интересираат “туѓи“ математики, одиме на победа и против Висла за да го прославиме пласманот во 1/4
Вардар не го интересираат “туѓи“ математики, одиме на победа и против Висла за да го прославиме пласманот во 1/4

Вардар не го интересираат “туѓи“ математики, одиме на победа и против Висла за да го прославиме пласманот во 1/4

Вардар ја заокружува групната фаза од Лигата на Шампионите, со дуел против екипата на Висла Плок. Мечот во С.Ц. Јане Сандански започнува од 17:00 часот. Конечниот резултат од овој дуел е многу поважен за противникот, додека за Вардар нема некое големо резултатско значење, иако триумф е императив за црвено-црните. Избраниците на Раул Гонзалес веќе го обезбедија првото место во групата, откако вчера нивниот најголем конкурент за оваа позиција, екипата на Нант одигра само со нерешен резултат на гостувањето кај Рајн-Некар. Сега двете екипи имаат ист број на бодови, но и во случај така да остане и после одигрување на вечерашниот меч, Вардар ќе биде тимот кој директно ќе се пласира во четврфиналето, со оглед дека нашиот шампион е подобар во меѓусебните дуели од Нант. Од друга страна на Висла и “гори“ под нозе, која мора да забележи победа, доколку сака да се надева на продолжување на настапите во ЛШ, но со исклучок Загреб да го добие мечот против Кристијанштад. Вардар не го интересираат математики и денес со најсилниот состав ќе илезат на теренот. Повторно ќе го нема Чупиќ, но на таа позиција ги имаме Шишкарев и Поповски, додека интересно денес Гонзалес се одлучи во составот да вклучи само еден голман, а тоа нормално е Арпад Штербик. Денешниот противник оваа сезона успеа само еднаш да победи на гостински терен, кога славеше на гостувањето во Унгарија, против екипата на Пик Сегед. На последниот дуел на овие две екипи одигран во С.Ц. Јане Сандански, Вардар по голема борба успеа да забележи минимална победа, тоа само говори колку Висла Плок е мотивирана на мечевите против Вардар. Двајцата најдобри стрелци во нивните редови се интернационалците од Бразил и Португалија. Се работи за Дуарте и Де Толедо, од кои денес ќе доаѓа најголемата опасност по нашиот гол.

Двете екипи досега одиграа пет меѓусебни натпревари,на кои Вардар има три победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Досегашни меѓусебни натпревари на Вардар и Висла Плок во лигата на шампионите:

сезона 2014/15 осминафинале: Висла Плок – Вардар 32:26

сезона 2014/15 осминафинале: Вардар – Висла Плок 31:20

сезона 2015/16 осминафинале: Висла Плок – Вардар 30:30

сезона 2015/16: осминафинале: Вардар – Висла Плок 25:24

сезона 2017/18: групна фаза: Висла Плок –  Вардар  22:26.

Билетите речиси да се распродадени и секако очекуваме полна сала и голема поддршка за нашиот шампион, како и што му доликува на Вардар.