Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прв натпревар во новата сезона пред своите навивачи, Вардар против Порто „брка“ втора победа во ЛШ
Прв натпревар во новата сезона пред своите навивачи, Вардар против Порто „брка“ втора победа во ЛШ

Прв натпревар во новата сезона пред своите навивачи, Вардар против Порто „брка“ втора победа во ЛШ

Пред преполна арена во С.Ц Јане Сандански,  денес Европскиот шампион ќе го одигра првиот меч пред своите навивачи во новата сезона од Лигата на Шампионите. Во Скопје доаѓа екипата на Порто.

Се работи за шампионот на Португалија кој по пауза од три години се враќа на настапите во најголемото натпреварување. Најголем дел од тимот го сочинуваат домашни ракометари, засилени со голманот на австриската репрезентација, Томас Бауер, како и двајца интернационалци кои доаѓаат од Куба и еден играч од Германија. Се работи речиси за истата екипа од минатата година, без големи промени во играчкиот кадар, инаку нивен предводник е познатиот Магнус Андерсон. Минатата сезона, екипата на Порто беше дел од завршниот турнир во ЕХФ купот, каде беше елиминирана во полуфиналето од екипата на Фуксе Берлин.

На отварање на сезоната во најсилната група Б, тимот на Порто направи мало изненадување, совладувајќи го на домашен терен Брест Мешков, иако на полувреме, португалците имаа негатива од шест голови, сепак со голем резултатски пресврт во второто полувреме успеаа да ги освојат првите бодови во оваа група.

Вардар е фаворит на овој меч и се освен триумф на црвено-црните ќе биде изненадување на утрешниот натпревар. Во тимот ќе недостасуваат Толедо и Стоилов, додека другите играчи се на располагање на тренерот Писонеро. Утрешниот дуел ќе биде можност и за новите засилувања да ја почуствуваат пеколната атмосфера во арената Јане Сандански, која очекуваме да биде исполнета до последното место.

Мечот ќе стартува од 17:00 часот, а сите кои нема да можат да дојдат во сала, директен пренос од мечот ќе има на МРТ и Арена Спорт 3.