Ракометарите на Вардар успеаа да го добијат натпреварот против екипата на Охрид, во рамките на 1/4 финалната група во Купот на Македонија. Вардарци во С.Ц. Јане Сандански славеа со резултат 38:30.
Во најголем дел од првото полувреме, екипата на Охрид, одржуваше резултатска неизвесност дури и на моменти беше во предност од два гола разлика. Вардар на пет минути пред крајот на првиот дел имаше и водство од четири гола разлика, за противникот да смали на само еден гол, а на полувреме црвено-црните заминаа со предност од 20:18.
Некаде со средината на вториот дел, гостинската екипа одржуваше неизвесност кога разликата беше само три гола, за Вардар да направи серија од 7:0 и да ја навести победата. На крајот триумфот испадна и убедлив со резултат 38:30.
Филип Талески беше прв стрелец со 11 голови, додека Дејан Манасков постигна 7. Утре во финалето на групата, Вардар ќе игра со победникот од мечот меѓу Јуниор КВ и Скопје, кој вечерва се игра исто така во С.Ц. Јане Сандански.