РК Вардар продолжува да ги гази своите противници во сеха-лигата. Татран Прешов беше екипата која ја почуствува силата и моќта на црвено-црните. Убедлив триумф против шампионот на Словачка, со резултат 38:21
Освен почетното водство на Словаците, целиот натпревар помина во доминација на нашиот состав кој повторно одигра одличен меч. По првите пет минути се играше гол за гол на двете страни, а последното израмнување се случи во 5 минута. Од тогаш тргна “возот“ за Вардарци кои како одминуваше првото полувреме постепено ја зголемуваа предноста. Деревен беше дефинитивно расположен за игра, изнудувајќи аплаузи кај присутната публика во Јане Сандански. На средината на првото првиот дел со голот на Душебаев стигнуваме до четири гола предност (10:6). Иако тренерот на Татран повика тајмаут, тоа не влијаеше на неговиот тим да ја намали разликата. Напротив разиграниот Вардар прави нова серија на погодоци и со два последователни гола на Душебаев стигнува до највисоки 15:8. На голот започна Милиќ кој имаше неколку добри интервенции, од кои и еден удар од седум метри. Првото полувреме заврши со прв гол за Владо Недановски за резултат 20:13 по првите 30 минути игра.
На стартот на вториот дел тренерот Гонзалес се реши да ја смени речиси цела постава во нападот, со исклучок на Недоновски, кој денес беше единствена опција на позицијата лево крило. Токму нововлезениот Вуко Борозан со погодок го отвара овој дел од мечот за највисоки во тој момент 21:13. Набргу стигаме и до двоцифрена предност од 25:15 со вториот гол на Македа. Милиќ продолжува со одбрани на нашиот гол и веќе стигнува до 11 успешни интервенции. Во листата на стрелци успеа да се запише и Абутовиќ, но од позицијата лево крило, откако Недановски го напушти теренот поради повреда. Вардар си поигруваше со противникот и со половина сили го играше натпреварот. Своја шанса во вториот дел доби и Иван Чупиќ, кој со својот трет гол зголемува на 29:16. Гонзалес му дава шанса за игра и на Мартин Поповски, кој го заменува Чупиќ на десно крило. Милиќ со нова 14 одбрана изнудува воздишки во арената. На десет минути пред крајот со голот на Циндриќ стигнуваме до најголеми 32:17.Два последователни гола кои се први во сеха-лигата и за Мартин Поповски, за резултат 35:20. Последниот гол за Вардар беше вистинска “бомба“ на Вуко Борозан, за конечни 38:21.
Најефикасен во нашиот состав беше Алекс Душебаев со 6 голови. Милиќ мечот го заврши со 16 одбрани. Ова беше последнна подготовка пред првиот настап на Вардарци во ЛШ. Во недела гостуваме во Шведска, на екипата на Кристијанштад.