Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат во големото финале на Купот на Македонија. Ова е епилогот од одиграните полуфинални натпревари во текот на вчерашниот ден.
Очекувано, Вардар и Еурофарм Пелистер ја оправдааа улогата на фаворит и славеа на дуелите против екипите на Металург, односно Бутел. Вардар со резултат 22:27 го победи Металург, додека Еурофарм Пелистер со резултат 23:28 триумфираше на натпреварот со Бутел.
Големото финале во Купот е закажано е за сабота со почеток од 17:30 часот. Директен пренос од натпреварот на МРТ 1 и на YouTube каналот на РФМ. Вардар ќе се обиде да стигне до својот 14.трофеј во Купот, натпреварување во кое црено-црните се најтрофејни.