Оваа година по втор пат во историјата на машкиот ракомет во Македонија, ќе се одигра супер куп. Во истиот ќе се сретнат екипите на Вардар како актуелен освојувач на супер лигата и купот и екипата на Металург која беше финалист во националниот куп. Предвидено е супер купот да се одигра на 18-ти август на “Женската плажа“ во Струга со почеток од 19 часот.
Црвено-црните се први освојувачи на супер купот, откако минатата година во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Еурофарм Работник, а ова ќе биде шанса за прв трофеј на Вардар во новата натпреварувачка сезона.