Вечерва не очекува натпревар од 1/4 финалето во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански, Вардар ќе биде домаќин на екипата на ППД Загреб.
Вардар ќе се обиде да стигне до позитивен резултат од првиот натпревар и на тој начин да си ја олесни работата на гостувањето во Загреб. Се работи за екипи кои биле постојани учесници на завршниот турнир во ова натпреварување, но сега една од екипите ќе мора да отпадне.
Вардар и Загреб беа доста активни на трансфер пазарот, донесоа многу нови ракометари, како и нов тренер.
Од тимот на Загреб заминаа неколку играчи, меѓу кои и голманите Асанин и Јандриќ, но во екипата се врати поранешниот хрватски репрезентативец, Филип Ивиќ, кој заедно со Дино Славиќ ќе го сочинуваат голманскиот тандем.
Најзвучното засилување во пресрет на новата сезона сигурно доаѓа токму од Вардар, тоа е Иван Чупиќ, играчот кој освои се што можеше со црвено-црните, на два пати стана и Европски Шампион со Вардар, сега Чупиќ ќе го гледаме на спротивната страна во дресот на Загреб. Нови играчи на Загреб се и Јаков Гојун и Жељко Муса, исто така многу искусни играчи кои еден дел од кариерата ја поминаа во Загреб, па настапуваа за квалитетни екипи каде собираа искуство и сега повторно се враќаат во својата татковина да му помогнат на клубот во издигнување на едно поголемо ниво од кое беше во изминативе неколку години. Тренер на екипата ќе биде познатиот Ивица Обрван, поранешен селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Екипата ја напуштија и Обрадовиќ и Периќ, но дојде Сандро Обрановиќ, добро познатиот играч на Брест Мешков. Во целина, Загреб склопи добра екипа која сигурно ќе атакува на високи цели во новата сезона.
Вардар исто така доста менуваше, го донесе Веселин Вујовиќ како нов тренер и неколку имиња, на кои ќе треба време за да се воиграат. Можеби немавме доволен број на натпревари во подготвителниот период, но нема време за калкулации, се надеваме дека добро сме го анализирале противникот и дека ќе стигнеме до победа изразена со солидна разлика.
После подолго време, Вардар ќе игра пред публика. Дозволен е влез на 1.8000 гледачи, тие кои вчера беа најбрзи и успеаа да дојдат до билет ќе можат вечерва да го проследат натпреварот кој започнува од 20:15 часот. Услов за да се земеше билет и вечерва да се проследи натпреварот од трибините беше да се поседува негативен тест за Ковид, или сертификат за извршена вакцинација.