Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар им се заблагодари на седум играчи кои го имаа последниот настап во црвено-црниот дрес
Вардар им се заблагодари на седум играчи кои го имаа последниот настап во црвено-црниот дрес

Вардар им се заблагодари на седум играчи кои го имаа последниот настап во црвено-црниот дрес

Вардар на убав начин ја заврши сезоната со обезбеден пласман во 1/4 финалето на СЕХА-лигата. На последните два дуели сезонава ја победивме екипата на Металопластика и на тој начин се пласиравме во најдобрите осум екипи во ова натпреварување.

Вчерашниот дуел против Металопластика беше последен за неколку играчи кои се одјавија од Вардар. Клубот им се заблагодари на Робен Кантегрел, Кристијан Дисингер, Иван Чупиќ, Васко Шеваљевиќ, Глеб Калараш, Марко Кизиќ и Ловро Јотиќ со подароците – дресовите на Вардар 1961 со кои настапуваа.

Посебно е емотивен поздравот со Иван Чупиќ кој остави голем белег во Вардар, со двете освоени Европски титули, тука се и Кристијан Дисингер и Глеб Калараш кои со Вардар во 2019 година ја освоија исто така Лигата на Шампионите. Последен натпревар на голот на клубот имаше и младиот Марко Кизиќ кој израсна во Вардар, а во новата сезона се сели во екипата на Еурофарм Пелистер, додека после една сезона помината во црвено-црниот дрес, клубот го напуштаат Кантегрел, Шеваљевиќ и Јотиќ.

alusovski

Последен натпревар како тренер беше и за Алушовски, додека негова замена ќе биде Вујовиќ.