Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пик Сегед ја победи Барселона и широко му ја отвори вратата на Европскиот шампион за првото место, кое носи директно во четврфиналето
Пик Сегед ја победи Барселона и широко му ја отвори вратата на Европскиот шампион за првото место, кое носи директно во четврфиналето

Пик Сегед ја победи Барселона и широко му ја отвори вратата на Европскиот шампион за првото место, кое носи директно во четврфиналето

Вардар сигурно чекори кон освојување на првото место во најсилната група А, кое носи директен пласман во четврфиналето. Од осмото одиграно коло “профитира“ Европскиот шампион кој го совлада Рајн-Некар и се одлепи на врвот на табелата.

Вториот најголем конкурент на Вардарци, за првата позцијата во оваа група, екипата на Барселона “изненадувачки“ ако може да се каже, загуби на гостувањето во Унгарија, од екипата на Пик Сегед. Во првите десет минути се играше гол за гол, за во средината на првото полувреме, домашната екипа полека да почне резултатски да се одлепува од шампионот на Шпанија. Како течеше првото полувреме, избраниците на Пастор играа се подобро, а на спротивната страна каталонците направија неколку брзоплети грешки во нападот, што во последните пет минути ги чинеше негатива од четири голови разлика (14:10). Набрзина намали Барселона со два гола во серија, но Пик Сегед беше упорен па пак ги врати четирите гола позитива. Последниот гол во првиот дел го постигна Барса, па на одмор резултатот гласеше 16:13.

Лошо започна второто полувреме за домашниот тим, кој ја изгуби предноста по само четири минути игра, кога на семафорот стоеше резултат 17:17. Барселона не само што израмни туку и направи комплетен резултатски пресврт и во 39 минута стигна до два гола предност (18:20), за прв пат на овој натпревар имаа ваква позитива. Следиме период од десет минути кога се игра израмнето, а во 49 минута резултатот беше израмнет на 23:23. Во финишот подобро се снајде Пик Сегед, кој на пет минути пред крај имаше водство од 27:25, за истото да го зголеми и на 28:25 во 57 минута по што веќе се наѕираше победникот на овој натпревар. Немаше време за пресврт, па Пик Сегед победи со резултат 29:26. Најефикасен кај победничкиот тим беше Балог кој постигна 9 голови, додека кај Барсе се истакна Нгесан кој постигна 7.

Пик Сегед му направи мала “услуга“ на Вардар, кој сега се одлепи на врвот на табелата, со четири бода повеќе од Рајн-Некар и дури пет повече од екипата на Барселона. Сепак треба да се напомене дека не очекуа гостување, токму кај најголемите конкуренти за позицијата на која се наоѓаме во моментов.
Вардар до крајот на групната фаза, покрај гостувањата кај Рајн-Некар и Барселона, треба да гостува и на Нант, додека во Јане Сандански ќе ги пречека екипите на Висла Плок, Пик Сегед и Кристијанштад. Големи се шансите да завршиме на првото место, а евентуална победа од следното гостување во Манхајм, само пошироко ќе ни ги отвори вратите за директен пласман во четврфиналето.

На другите наптревари од оваа група. Нант го победи Загреб (28:27), додека Висла Плок и Кристијанштад одиграа со нерешен резултат (25:25).

Како изгледа табелата во најсилната група А, после осум одиграни кола:

1. Вардар  15

2. Рајн – Некар  11

3. Нант  11

4. Барселона 10

5. Пик Сегед  9

6. Кристијанштад  4

7. Висла Плок  2

8. ППД Загреб  2