Ракометарите на Вардар со победа во Охрид ја започнаа одбраната на титулата во домашното првенство, откако вечерва во С.Ц. “Билјанини Извори“ ја победија екипата на Охрид. Триумфиравме убедливо со резултат од 14:27.
Натпреварот со два гола по ред и тоа со удари од седум метри го отвори десното крило Иван Чупиќ, за домашниот тим да го постигне првиот гол и да намали на 1:2. Имаше само резултатска неизвесност во првите десет минути, кога резултатот беше 4:6 кога со гол од седум метри намали Кобетиќ, за избраниците на Гонзалез да направат серија од шест последователни голови и да поведат со високи 4:12. Цели десет минути екипата од Охрид не можеше да го пронајде нашиот гол, за конечно Јанчев да погоди за намалување на 5:12. До крајот на полувремето ја одржувавме оваа разлика, за по истекот на првите 30 минути да имаме резултат од 6:14, со голот на Иван Чупиќ кој беше негов седми во првиот дел.
По само седум минути игра во вториот дел стигна и двоцифрената предност за црвено-црните, кои поведоа со 8:18 и тоа со голот на Даинис Кристопанс кој во тој момент го постигна својот трет гол на натпреварот. Намали за момент противникот, за нашиот шампион да направи нова серија од 2:5 и да има веќе убедливо водство од 10:23 во 48 минута од мечот.Расположен за голови на овој дуел беше и средниот бек, Јана Војводиќ кој со својот четврти гол донесе високи 13:27, за тренерот на домашната екипа да повика минута одмор. На крајот мечот ззаврши со конечен резултат од 14:27.
На крајот публиката во преполната сала во Охрид ја поздрави домашната екипа, но и актуелниот Европски шампион, тоа е нашиот Вардар.
ВАРДАР: Штербик, Стоилов, Поповски 2, Кристопанс 3, Милиќ, Фереира 2, Македа 1, Ѓорѓески, Карачиќ, Циндриќ 1, Дибиров 4, Војводиќ 4, Марсениќ 1, Недановски 2, Чупиќ 7.