Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар немаше проблеми со Скопје, црвено-црните тргнаа фуриозно во одбрана на титулата
РК Вардар немаше проблеми со Скопје, црвено-црните тргнаа фуриозно во одбрана на титулата

РК Вардар немаше проблеми со Скопје, црвено-црните тргнаа фуриозно во одбрана на титулата

Вардарци со висока победа ја стартуваа новата сезона во ракометната Супер Лига. Очекувано избраниците на Веселин Вујовиќ убедливо го победија тимот на Скопје со резултат 48:24.

Вардар немаше никакви проблеми околу обезбедување на првите бодови во Супер Лигата. Со оглед дека не очекува натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на Елверум, на денешниот натпревар со новиот суперлигаш, Вујовиќ им даде шанса на сите играчи кои беа во составот. Уште на полувреме беше јасно дека ќе стигнеме до лесна победа, кога резултатот на семафорот гласеше 25:11.

241824703_243659057768016_8012253219787462144_n

И во второто полувреме се беше рутина за нашиот Шампион, едноставно младиот тим на Скопје не можеше да се носи со Вардар. На крајот остваривме висока победа изразена со 24 голови разлика.

Најдобри стрелци кај нас беа Тимур Дибиров и Филип Талески со по 7 постигнати голови. Гоце Георгиевски имаше 6, додека Дарко Ѓукиќ и Куни Моралес постигнаа по 5.

241822820_243659037768018_2212570530882854170_n