Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го “разби“ Веспрем, за втора победа во сеха-лигата

Вардар го “разби“ Веспрем, за втора победа во сеха-лигата

Дерби пресметката во сеха лигата помеѓу екипите на Вардар и Веспрем им припадна на црвено-црните, кои издвојуваа победа со резултат 29:22.

Натпреварот со гол го отвори Марсениќ, но Веспрем со два последователни гола на Илиќ успева да поведе со резултат 2:3. Од тие моменти следи серија на Вардарци од четири последователни гола за водство од 6:3. Дибиров погодуваше од тешки позиции, додека Милиќ на голот беше одличен. Нашиот ракометен шампион во првото полувреме пружи одлична игра и освен она почетно водство не му дозволи на противникот да има таква можност. Со голот на Кањелас успеавме да стигнеме до највисоки пет гола позитива, кои беа највисоки во текот на првото полувреме. Во 14 минута резултатот гласеше 9:4. Разликата постојано се движеше помеѓу 4-5 голови предност за црвено-црните. Веспрем во овој период немаше одговор за нашата добра игра, која беше разновидна во нападот, додека во одбраната функционираше на потребното ниво, иако во составот го немавме Илија Абутовиќ. Стоилов го замени Марсениќ и успева набрзина да постигне два гола. Дибиров успеа да пресече една топка на противникот, но во контра напад не успеа да реализира зицер удар во момент кога можевме да стигнеме до највисоки шест гола предност. Речиси во последните секунди од првиот дел, десното крило Маргуч погодува од тешка позиција, за на полувреме да се замине со резултат 16:12. Мора да потенцираме дека на голот Милиќ имаше добро издание и еден од најзаслужните за стекнатото водство.

Второто полувреме со гол го отвори Карачиќ за враќање на оние најголеми пет гола предност. Сепак во наредните минути Веспрем успеа да намали на три гола (19:16) во 40 минута од дуелот. Милиќ ја забележува својата осма одбрана, а неговите соиграчи во нападот Карачиќ и Дибиров погодуваат за повторно да имаме пет гола разлика (21:16). Својот прв погодок го постигнува и нововлезениот Вуко Борозан. Конечно успеваме да дојдеме до највисоки шест гола разлика. На неколку пати тоа не ни успеа, но сега Шишкарев погодува од својата позиција за резултат 23:17 на 15 минути до крајот на мечот. Двоцифрен број на одбрани зад името на Милиќ, кој изнудува воздишки во публиката. Циндриќ со својот четврти погодок од исто толку обиди го зголемува резултатот на 25:18. Во игра влезе и Недановски кој го замени Дибиров, на позицијата лево крило. Прв гол и за Македа на овој натпревар за веќе осум голови разлика во корист на Вардар, на пет минути до крајот резултатот беше 27:19. Оваа предност ја одржувавме до крајот,за конечни 29:22 на овој меч.

Најефикасен беше Игор Карачиќ со 8 гола, додека Дибиров постигна 5. Ова е втора победа за Вардар во сеха-лигата. Веќе во среда играме нов натпревар, против екипата на Загреб во истава сала.