Денеска од 20:15 во С.Ц Јане Сандански ќе се одигра мечот на колото. Нагости доаѓа моќната екипа на Веспрем од Унгарија. Овој натпревар нема да има некое големо резултатско значење, бидејки и двата тима ги осигураа своите учества на ф4 завршниот турнир.
Од друга страна како што најавуваат играчите, ова ќе биде добра проверка пред натпреварите на двата тима во Лигата на Шампионите идната недела.
Од таборот на Црвено – Црните најавуваат беспрекорна битка на теренето, и освојување на нови два бода.
Останува на сите љубители на Вардар да дојдат во сала, и да ги поддржиме момците пред заминувањето за Полска.
Се гледаме во сала !
Фото:рквардар.мк