Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рутинска победа за Вардар против Еурофарм 2, црвено-црните се блиску до финале на струшкиот турнир
Рутинска победа за Вардар против Еурофарм 2, црвено-црните се блиску до финале на струшкиот турнир

Рутинска победа за Вардар против Еурофарм 2, црвено-црните се блиску до финале на струшкиот турнир

Вечерва, екипата на РК Вардар стигна и до втората победа на турнирот во Струга. Очекувано, нашиот шампион стигна до рутинска победа во дуелот со екипата на Еурофарм Пелистер. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 33:19.

Одлично го отворивме дуелот, кога направивме серија од 7:0, кои беа доволни до крајот на мечот да имаме контрола на резултатот. Оваа позитива ја одржувавме и до крајот на првото полувреме, кога резултатот на семафорот гласеше 16:8.

На стартот од второто полувреме само го зголемувавме водството, кога успеавме да стигнеме и до двоцифрена предност од 22:12. До крајот на дуелот немавме поголеми проблеми да ја одржиме предноста. Конечниот резултат гласеше 33:19.

ВАРДАР 1961: Кизиќ, Валчак 3, Јагуриновски 3, Стоилов, Гашовски, Димитриоски 10, Георгиевски 4, Карапалевски 2, Дисингер, Јотиќ 2, Калараш 2, Гаџа, Талевски 1, Дибиров 3, Вујин 1, Векиќ, Кантагрел

Најефикасен во нашите редови беше Димитар Димитриоски, кој успеа да постигне 10 голови. Утре не очекува натпревар против екипата на Бутел, со триумф ќе го потврдиме пласманот во големото финале на турнирот во Струга.