Се уште не е завршена сезона, а екипата на Вардар веќе ги планира подготовките за новата натпреварувачка сезона. Во периодот од 23-26-ти август, црвено-црните ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Стразбур, на кој ќе настапат уште и екипите на Монпелје, кој е наш противник во полуфиналето на завршниот турнир во ЛШ, потоа тимот на Нант, Веспрем и Брест Мешков од Белорусија.
Ова ќе биде силен тест за вардарци и проверка на формата, но и за воигрување на новите засилувања, кои треба да ги заменат играчите кои на крајот од оваа сезона заминуваат од Вардар.