Спортската сала “Младост“ и градот Битола и оваа сезона ќе бидат организатори на завршниот турнир во ракометниот куп на Македонија. Актуелен освојувач на купот е токму екипата на Вардар, која ќе се обиде да стигне до нов трофеј во ова натпреварување, откако е на добар пат да ја обрани и титулата во супер лигата. Завршниот турнир на најдобрите четири екипи е предвиден да се одигра на 18 и 19-ти мај во салата “Младост“, на кој се очекува покрај Металург, Еурофарм Работник и Пелистер да настапи и нашиот шампион, кој во понеделник треба да ја одбработи својата задача во четвртфиналаната група на ова натпреварување. Вардар е домаќин на Кале, на екипите на Борец, Металург 2 и Металург Јуниор и е апсолутен фаворит во ова група.
Се чека само потврда од РФМ за доделување на кандидатурата за Ф4 во купот за Пелистер, по што ќе бидат извлечени и полуфиналните двојки. Само за потсетување минатата сезона, Вардар во големото финале го победи тимот на Металург, токму во истава спортска сала во Битола.