Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар влегува во трка со времето
Вардар влегува во трка со времето

Вардар влегува во трка со времето

Управата на Вардар влегува во трка со времето. Доколку утре до пладне Вардар не регистрира нов голман, тогаш во првите пет кола од новата сезона во Лигата на шампионите ќе мора да игра со играчите кои ги има во овој момент.

Не е тајна дека Вардар бара втор голман замена за Милиќ, но и не е тајна дека Вардар по се изгледа нема да стигне, односно до петтото коло ќе треба целиот товар да биде ставен само на еден голман, односно на Милосављев.

Според информациитe, доколку Вардар  не успее да го доведе Халифа Гедбан, ќе бара голман од соседството.