Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов и Поповски против Милосављев, на контролните дуели во пресрет на СП
Стоилов и Поповски против Милосављев, на контролните дуели во пресрет на СП

Стоилов и Поповски против Милосављев, на контролните дуели во пресрет на СП

Како подготовка за претстојното светско првенство во Германија и Данска, репрезентацијата на Македонија ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Србија. Мечевите се закажани за 4 и 5.јануари во спортскиот центар Борис Трајковски.

Првиот пријателски натпревар е закажан на датум 04.01.2019 година во 20:00 часот со директен пренос на ТВ Телма. Натпреварот е од отворен тип и влезот е слободен.Вториот натпревар на Македонија ќе биде од затворен тип.

На овие мечеви ќе имаме можност да видиме и тројца вардарци. Кај Македонија тоа се Стоилов и Поповски, додека кај Србија на голот ќе биде Дејан Милосављев.