Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар тргна победнички во Л.Ш, Кристијанштад “лесен плен“

Вардар тргна победнички во Л.Ш, Кристијанштад “лесен плен“

Вардар одигра  дуел со шведскиот шампион Кристијанштад, тоа беше меч на гостински терен, дел од првото коло во ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните отворија со победа од 23-28, на полувреме 12-15.

Мечот почна со два погодока на домаќините и серија наши промашување, во 3 минута резултатот е 2-0. Македа го постигнува првиот гол за нас оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампионите кога намалува на 2-1 во 4 минута. Се играше во продолжение гол за гол, ние изедначуваме тие поведува се до 4-4 во 8 минута. Потоа следеше серија 3-0 и домаќините се одлепија на 7-4 по што клупата на црвено-црните повика тајмаут. Веднаш тоа дава ефект Борозан постигнува два гола со “бомба“ и го намалува резултатот на 6-7. Потоа следеаа неколку промашување на двете страни, Арпад Штербик во 15 минута ја забележува  5 одбрана.   Вардар првото водство го забележа во 17 минута, кога поведовме со 7-8 со голот на Марсениќ. Полека почнуваме да доминираме во 20 минута со голот на Шишкарев се одлепуваме на “плус три“ 8-11. Следните пет минути во мечот со Кристијанштад не беа нешто посебно ефикасни во 25 минута резулатот беше 10-12.  Во последните пет минути се играше гол за гол, ние успеавме и малку да ја зголемиме предноста и да заминеме на одмор со 12-15.

Вториот дел го почнуваме со два гола, едниот на Чупиќ и на Душебаев со кои во 33 минута поведуваме со “плус пет“ 12-17. Потоа во исти напад добиваме две исклучувања од по две минути за Абутовиќ и Карачиќ, сепак одлично ги трошевме тие 120 секунди примивме само еден гол што беше сосоема во ред, а истиот го “вративме“ преку Кањелас. Игра гол за гол со неколку промашувања на двете страни во продолжение, во 40 минута од вториот дел ние водиме 16-20, играме комотно и го контролираме мечот. Симиќ и Штербик двата голмана на двата тима покажуваат квалитет во продолжение често бранат , следи неефикасен период на двете страни бидејќи во следните пет минути погодени се само по еден гол, резултатот е 17-21 во 15 минута од вториот дел. Во последните 10 минути влегуваме со комотна и голема предонст од шест гола, со голот на Душебаев  кој е негов шести денес поведуваме со 18-24. Веќе во следната акција крадеме , тргаме во контра Карачиќ погодува за највосока денес предност од “плус седум“ 18-25.  Домаќините заигруваат малце подобро во последните пет минути влегуват со негдатива од пет гола, откако направија серија 3-1 и намалија на 21-26. Штербик брани , тоа е 15 одбрана за него, а Тимур Дибиров дава гол за 21-27. Мечот докрај беше само формалност ,  истиот заврши со наш прв триумф во шампионската лига 23-28.

Најуспешни кај нас: Штербик 17 одбрани, Душебаев 7 гола, Карачиќ со 5  гола.