Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци рутинирано поминаа низ Струмица
Вардарци рутинирано поминаа низ Струмица

Вардарци рутинирано поминаа низ Струмица

Црвено-црните ја забележаа и втората победа во сеха-лигата. На гостувањето во Струмица, забележаа победа против истоимената екипа. Само еднаш домаќините поведоа во 2 минута, потоа се беше во доминација на нашиот шампион. Иако Струмичани долго одржуваа негатива не поголема од два погодоци. Сепак во последните пет минути успеавме да направиме серија од четири гола, за највисоки 10:15 во 28 минута од натпреварот. Штербик повторно започна на голот и по првото полувреме имаше 7 одбрани. Македа и Дибиров беа највпечатливи во овој дел од играта и најефикасни го завршија првиот дел. Гонзалес ги правеше ротацииите кои се типични за него, на почетокот на новата сезона. Долгата клупа и големиот број на квалитетни играчи бараат честа ротација на теренот. Првото полувреме заврши со резултат 11:15.

Веќе на стартот на вторите 30 минути, набрзина дојдовме до највисоки седум гола 12:19. Дибиров набрзина погоди два пати и во тие моменти беше најефикасен на теренот. Вардарци играа колку што беше потребно, во наредните 15 минути се одржуваше таа најголема позитива од седум голови. Со голот на Шишкарев за прв пат имавме највисоки осум позитива 17:25 во 47 минута од дуелот. Штербик продолжи и во вториот дел на голот, забележувајќи ја 10 одбрана. Неговата замена Чаневски застанува меѓу стативите и ќе брани до крајот на мечот. На спротивната страна Трајковски ја забележува својата 14 одбрана и не дозволува двоцифрена предност за Вардар. До крајот нашиот тим ја одржуваше позитивата стекната на почетокот на вториот дел и рутинирано го приведе дуелот кон својот крај. Конечниот резултат гласеше 26:35.

Најефикасни беа Тимур Дибиров со 6, Циндриќ, Шишкарев и Лацковиќ беа стрелци на 5 погодоци.