Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци утре заминуваат за Германија, кога и ќе биде познат составот кој ќе се спротивстави на Рајн-Некар
Вардарци утре заминуваат за Германија, кога и ќе биде познат составот кој ќе се спротивстави на Рајн-Некар

Вардарци утре заминуваат за Германија, кога и ќе биде познат составот кој ќе се спротивстави на Рајн-Некар

Црвено-црните утре ќе заминат за Манхајм, каде во среда ги очекува натревар од 11. коло во Лигата на Шампионите, против екипата на Рајн-Некар.

Она што не интересира сигурно е со кој состав ќе отпатуваме за германија, а имињата на играчите ќе бидат познати вечерва кога и ќе го одработиме последниот тренинг пред заминувањето. Гедбан, Борозан, Фереира, па дури и Карачиќ кој најдоцна се приклучи на екипата, се под знак прашалник за настап на споменатиот натпревар. Пред две недели дозвола за трениг од лекарскиот тим добија Гедбан, Борозан и Фереира, но тие во изминатиов период тренираа одвоено од екипата, па прашање е колку се подготвени за еден ваков натпревар. Со проблеми поради повредени играчи се соочува и противникот, интересно до пред мечот со Вардар, “лавовите„ не одиграа ниту еден напревар.

Вардар води голема борба за второто место на табелата, со оглед дека имаме еден бод повеќе од екипите на Веспрем, Рајн-Некар и Киелце. До крајот не очекуваат уште, гостувањата кај Рајн-Некар и Кристијанштад и домашните дуели со екипите на Веспрем и Монпелје. Ќе биде неизвесно до самиот крај на групната фаза околу конечниот пласман на табелата.

Натпреварот во среда ќе се одигра во “САП„ арената со почеток од 19:00 часот, со директен пренос на Арена Спорт 3.