Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ,,Искрите” помеѓу Столе и Вујо датираат уште од 2012 година
,,Искрите” помеѓу Столе и Вујо датираат уште од 2012 година

,,Искрите” помеѓу Столе и Вујо датираат уште од 2012 година

Вчерашната изјава (види) на капитенот на РК Вардар 1961, Стојанче Стоилов за Gol.mk ги збуни навивачите на ,,црвено – црните”.

Оние верни навивачи на Вардар уште од славните денови под ,,Кале” добро знаат дека ,,искрите” на релација ,,Столе – Вујо” се јавија во 2012 година, кога Вујовиќ беше тренер на тимот, а Стоилов наш кружен напаѓач.

На 22 ноември 2012 година Вардар замина на пат за Германија против германскиот Магдебург во меч од 3. коло од ЕХФ-купот, а од тимот беше изоставен Стоилов со образложение ,,поради недисциплина е отстранет од тимот”. Ден потоа Стоилов за нашите медиуми изјави (ви пренесуваме дел од изјавата) ,,Ова го има само во Македонија. Само тука странски тренер може да предизвика репрезентативец и да го повика надвор од салата за да се тепаат. Не може двајцата да се караат, а само еден да се казнува”. По враќањето на тимот од Германија работите се смирија, а репрезентативецот се извини па беше во комбинација за возвратниот натпревар во Скопје.

Сега, во 2021 година, Вујовиќ одново треба да седне на клупата на Вардар 1961 и да соработува со капитенот, така барем велат информациите.