Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардаровото трио во Шпанската репрезентација се пласираше во финалето на ЕП
Вардаровото трио во Шпанската репрезентација се пласираше во финалето на ЕП

Вардаровото трио во Шпанската репрезентација се пласираше во финалето на ЕП

Познати се финалистите на Европското ракометно првенство кое изминатиов период се одржува во Полска. За златниот медал ќе се борат репрезентациите на Шпанија и Германија. Ова е епилогото после одигрувањето на полуфиналните натпревари. Вардар ќе има свои претставници во ова финале, тоа се Штербик, Македа и Душебаев од селекцијата  на Шпанија.

Во еден неизвесен и квалитетен натпревар, “Фуријата“ беше подобра од Хрватска со резултат 33:29. Избраниците на Жељко Бабиќ одлично го започнаа натпреварот, со голот на Дувњак веќе имаа предност од 1:4. Во наредниот период уште на пет наврати го имаа ова водство од три голови разлика и тоа 5:8, 7:10, 8:11 и  9:12 и 10:13. Следува голема серија на Шпанија од пет последователни погодоци за комлетен резултатски пресврт и предност од 15:13. Копљар само за момент ја прекина оваа серија на противникот, но уште еден фуриозен финиш на избраниците на Каденас за највисоки 18:14, резултат кој беше актуелен по првото полувреме.

Вториот дел започнува со гол на Гвардиола за највисоки 19:14, воедно ова беше и најголемат позитива за Шпанија во текот на целиот натпревар. Хрватите полека успеваа да се вратат во игра и да го фатат ритамот од почетокот на првото полувреме, Мануел Штрлек успеа да намали на 23:21. Истиов играч неколку минути подоцна со удар на седум метри комплетно ја враќа својата селекција во игра, доближувајќи се на резултат 25:24. Решавачкиот чекор, Шпанија го направи во последните седум минути, кога успеаа да направат серија од три последователни гола за нови високи  30:26. Во следниот напад Карачиќ успеаа само да намали. Конечниот резултат гласеше 33:29. Штербик го заврши натпреварот со 4 одбрани, на кој имаа речиси подеднаква минутажа со Гонзало Перез Де Варгас кој имаше идентичен број на интервенции. Македа постигна 2 гола, додека Душебаев беше стрелец на 1 погодок. На спротивната страна Карачиќ одигра одличен меч со 3 постигнати голови, додека Лука Циндриќ не доби шанса да влезе на теренот.

Германија дури по две продолженија на крајот успеаа да излезат како победници и да ја победат селекцијата на Норвешка. Конечниот резултат гласеше 34:33, иако во регуларниот дел, скандинавците пропуштија предност од еден гол во последните 30 секунди и имаа последен напад за победа. Големото финале е закажано за недела, со почеток од 17:30 часот. Во него ќе имаме можност да гледаме тројца играчи кои доаѓаат од нашиот ракометен шампион. Сите ќе навиваме за Штербик, Душебаев и Македа да се закитат  на крај со златниот медал.