Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Васил Калков: Сите заеднички веруваме, дека на крајот од сезоната ќе биде испишано нашето име на врвот на табелата
Васил Калков: Сите заеднички веруваме, дека на крајот од сезоната ќе биде испишано нашето име на врвот на табелата

Васил Калков: Сите заеднички веруваме, дека на крајот од сезоната ќе биде испишано нашето име на врвот на табелата

Десетто коло во првата ракометна лига и вкупно деветта победа за екипата на Рк Вардар 2. Совладан беше тимот на Куманово со резултат 36:19. Натпреварот се одигра во спортскиот ракометен центар Кале. Како за споредба, Вардарци постигнаа голови за едно полувеме, колку Куманово за сите 60 минути. Ново одлично издание за избраниците на тренерот Стојан Петрушевски, кои не пропуштија ништо на случајноста и од стартот го контролираа резултатот. Еден од играчите кои дојде на почетокот од сезоната е Васил Калков, кој во триумфот против Куманово учествуваше со два погодоци.

-Одлично го започнавме натпреварот, со добра подготовка благодарение на нашиот тренер Стојан Петрушевски. Според мене резултатот уште од раната фаза отиде во наша полза. Презадоволен сум од играта на нашиот тим, и сметам дека ова е една од подобрите натпревари, со одличен постигнат резултат. Со оглед на тоа дека сум нов ракометар на РК Вардар, задоволен сум од начинот на работа, бидејќи добив голем напредок во овој клуб.

Рк Вардар  продолжува да “реди“ победи во лигата. Заедно со екипата на ХЈС Работник се зацврстуваат на првите две позиции, кои водат од наредната сезона во најсилната супер лига.

-Добрата игра на екипата се должи на нашиот тренер, како и на редовните и напорни тренинзи кои го достигнаа нашиот заеднички успех. Од натпревар во натпревар се повеќе вложуваме за влез во Супер лигата. Како јас така и сите други веруваме дека на крајот од сезоната, ќе биде испишано нашето име на врвот на табелата.