Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот шампион ги заврши подготовките во Крањска Гора, вечерва прв контролен натпревар во Германија, против Бершигер
Европскиот шампион ги заврши подготовките во Крањска Гора, вечерва прв контролен натпревар во Германија, против Бершигер

Европскиот шампион ги заврши подготовките во Крањска Гора, вечерва прв контролен натпревар во Германија, против Бершигер

Екипата на РК Вардар утрово замина од Крањска Гора, во правец Германија, каде вечерва со почеток од 20:00 часот треба да го одигра првиот контролен натпревар, против екипата на Бершигер, која во новата сезона ќе игра во втората германска лига. Црвено-црните од 3-ти август беа на подготовки во Крањска Гора, каде се работеше паралелно на физичка подготовка на екипата и во сала каде се воигруваше тимот, за предизвиците кои следат во новата сезона, каде Вардар ќе ги брани четирите освоени трофеи.

Вечерва против Бершигер се очекува во црвено-црниот дрес да дебитира и најновото засилување кое пристигна од Брест Мешков, Летонецот Даинис Кристопанс, кој ќе го замени Алекс Душебаев на десната бековска позиција. Тука се и играчите, кои пристапија од вториот тим на клубот, како голмнаот Ѓорѓески, крилото Поповски и бекот Ончев, кои се очекува да добијат шанса од тренерот Гонзалес. Веднаш по завршување на дуелот, целата експедиција на Вардар се упатува за Гумерсбах, каде претстојниов викенд ќе настапат на турнирот во организација на бундеслигашот, екипата на Гумерсбах. Утре со почеток од 17 часот ќе играме против Рајн-Некар, додека од 14 часот, турнирот ќе го отворат домашниот тим во дуел против Фленсбург. Во недела се играат натпреварите за пласман. Овие три меча ќе бидат прва посилна подготовка за Вардарци, кои треба да настапат на “Супер Глоуб купот„ во Доха, на неофицијалното светско клупско првенство.