Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Верните навивачи се секогаш тука за Вардар: Продадени околу 4000 билети!

Верните навивачи се секогаш тука за Вардар: Продадени околу 4000 билети!

Навивачите на Вардар се секогаш тука за тимот па така ќе биде и во четврток, на дуелот од Лигата на шампионите кога во СЦ. ,,Јане Сандански” ќе гостува тимот на Веспрем.

На три дена до почетокот на дуелот се продадени околу 4000 билети, што значи дека ракометарите на Вардар одново ќе имаат голема поддршка од трибините како и на саботниот дуел, кога имаше повеќе од 4000 симпатизери во сала.

Сите оние кои сеуште немаат набавено билети, истите можат да ги купат во секое време oнлајн ТУКА или на продажните места на Купи Карти за Се.

Цени на билети по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 – цена 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – цена 400 ден.

Блок 1,2 и 9 – цена 350 ден