Екипата на Веспрем имаше успешна контрола пред гостувањето во Скопје, кај екипата на Вардар. Избраниците на Давид Дејвис стигнаа до победа во првенството на Унгарија, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Будакалаз.
Уште по првото полувреме, Веспрем ја осигура победата кога имаше двоцифрена разлика и водство од 18:7. Во вториот дел само растеше предноста во корист на Веспрем, така во 45 минута од мечот имаа висока предност од 28:13. На крајот рутинска победа, со резултат од 36:17.
На овој меч од домашното првенство, Веспрем настапи без Штербик и Ненадиќ, кои одмараа за саботниот меч со Вардар. Најефикасни во триумфот против Будакалаз беа Манасков, Маргуч, Мачковшек и Благотиншек кои постигнаа по 5 голови.
Натпреварот со Вардар се игра во сабота, со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански.