Во еден тежок и неизвесен натпревар до самиот крај Веспрем успеа да го победи Вардар во големото финале на сеха-лигата. Во финишот подобро се снајде Унгарскиот шампион, кој на крај го славеше својот втор трофеј во сеха-лигата. Конечниот резултат гласеше 28:26
Вардар одлично го започна натпреварот и веќе во чевртата минута од мечот имаше водство од 1:4. Оваа позитива ја одржуваме со до деветтата минута, кога Веспрем со два гола на Наѓ успева да намали на 6:8. Горбок во следниот напад ги враќа трите гола позитива. Како одминуваше мечот Веспрем играше се подобро што резултираше со прво израмнување на овој натпревар од 9:9 во 1 минута од натпреварот. Во следниот период се игра гол за гол на двете страни но Вардар е екипата која постојано се наоѓа во предност. До крјаот на првото полувреме на уште два наврати имавме водтство од два гола разлика, со погодоците на Манасков и Карачиќ. Сепак до крајот на првото полувреме Унгарскиот шампион успева да намали на самое ден гол негатива, па на полувреме се замина со резултат од 14:15 во корист на црвено-црните.
Во првите пет минути на второто полувреме Веспрем успева за прв пат на овој меч да поведе со 17:16. Во 40 минута резулатот е повторно израмнет, Циндриќ погодува за 19:19. Се до 46 минута се играше израмнето, најактивен во овој период кај Унгарците беше Слишковиќ. Тоскиќ изнудува исклучување над противнички играч, што резултира со наше водство од 23:22. Голема борба се водеше на двете страни, сепак Веспрем успева за прв пат на овој меч да се одлепи на два гола разлика 27:25. Влеговме во една неизвесна завршница, Штербик брани два удари, но и на спротивнат страна Алиловиќ не дозволуваше Вардар да го израмни резултатот. На нешто повеќе од една минута Наѓ успева да го донесе својот тим во водство од 28:26.
Најефикасен во нашите редови беше Циндриќ со 5, додека Дибиров и Душебаев постигнаа по 4 погодоци.