Ракометниот клуб Вардар започна со тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка сезона. Со оглед дека нема да играме во Лигата на Шампионите, главна цел за вардарци ќе биде одбраната на двојната домашна круна, како и настапите во СЕХА-лигата.
Прв поголем предизвик за тимот ќе биде настап на традиционалниот турнир во Струга, каде исто така Вардар го брани трофејот од минатата година. Без разлика на играчките промени и недоаѓањето на најавените странски засилувања, сепак Владо Недановски, истакнува дека цел на Вардар е секогаш да биде на врвот.
Целта на Вардар e секогаш да биде во самиот врв. Без разлика на се досега ги почнуваме овие подготовки и веруваме дека имаме тим што повторно ќе атакува на висок пласман. Ќе тренираме во Скопје, ги имаме сите услови потребни. Потоа заминуваме на турнирот во Струга. Имаме време пред нас за подготовки, истакна Недановски.