Во среда (16.02), Вардар продолжува со настапите во Лигата на Шампионите. Црвено-црните ќе гостуваат во Франција, кај екипата на Монпелје.
ЕХФ делегираше судии од Шведска за овој натпревар, се работи за Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, додека делегат ќе биде Тоњо Хуелин од Шпанија.
Натпреварот во среда се игра од 18:45 часот.