Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (Видео) “Бомбардерот“ Вуко Борозан се најде во најдобриот тим на осмото коло во ЛШ
(Видео) “Бомбардерот“ Вуко Борозан се најде во најдобриот тим на осмото коло во ЛШ

(Видео) “Бомбардерот“ Вуко Борозан се најде во најдобриот тим на осмото коло во ЛШ

И по одигрување на осмото коло во лигата на шампионите, Европскиот шампион остана на првото место на табелата во најсилната група А. Изминатиов викенд во С.Ц. Јане Сандански, Вардар беше подобар од Рајн-некар (30:26), на натпревар на кој имавме постојана предност која највеќе достигна седум голови разлика и контрола на резултатот. По одигрувањена секое коло, ЕХФ го одбира најдобриот тим, а во него место има за Вуко Борозан, кој е прогласен за најодбар лев бек. Вуко беше најдобар стрелец кај црвено-црните со седум постигнати голови и беше прогласен за најдобар играч во триумфот против бундеслигашот.

Идеалниот тим на осмото коло во ЛШ го сочинуваат:

Лево крило -Уве Генсхајмер ( ПСЖ)

Среден бек – Мате Лекаи  ( Веспрем)

Десен бек – Золт Балог ( Пик Сегед)

Десно крило – Ласе Сван ( Фленсбург)

Пикер – Патрик Винчек ( Кил)

Голман – Сирил Думолин ( Нант)

Лев бек -Вуко Борозан ( Вардар)

Погледнете го видеото со најдобрите 7 за ова коло: