Втор пат по ред, Тимур Дибиров се најде во ТОП-5 најдобри потези на колото, на Светското ракометно првенство во Германија и Данска.
Откако и во минатото коло го имаше најдобриот потег на 3.коло кога успеа да го совлада германскиот голман, Волф, овој пат Дибиров од истата позиција му подели мајсторија и на бразилскиот голман, што меѓународната ракометна федерација (ИХФ) го избра како втор најдобар потег на колото. Првото место е за Тимоти Н’Гесан од Франција, кој во последните секунди и донесе бод на својата селекција, во дуелот со Германија.
Најдобрите пет потези на колото, можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.