Во тек е гласањето за најдобриот тим во Лигата на Шампионите за тековната натпреварувачка сезона. Двајца играчи на Вардар се најдоа во изборот и ќе конкурираат да влезат во идеалниот тим на ЛШ.
Еден од нив е секако, Тимур Дибиров, стана навика секоја сезона Дибиров да се најде во овој избор. Негови конкуренти за најдобар на позицијата лево крило се Дејан Манасков ( Веспрем), Магнус Ландин (Кул), Хампус Ване ( Фленсбург), Валеро Ривера (Нант) и Себастиан Бартхолд (Алборг). Погледнете го видеото со играчите кои се најдоа во потесниот избор, на линкот ТУКА.
За вардаровото лево крило, можете да гласате на линкот, ТУКА.