После две сезони поминати во екипата на Пик Сегед, левиот бек на руската репрезентација, Сергеј Горбок се враќа во редовите на Вардар. Тој претходно две сезони го носеше црвено-црниот дрес, па ова ќе биде негов кам бек во редовите на Вардар. Горбок заедно со Борозан ќе ја сочинуваат левата бековска позиција и треба да бидат најголемата опасност по противничките голови. Изминатава сезона, Горбок во дресот на Пик Сегед постигна 25 голови, а преку видеово можете да видите дел од неговите погодоци. Секако неговото враќање ќе претставува големо засилување за црвено-црните.