Ако некогаш сме се сомневале на вештините на Тимур Дибиров, руското крило со денешниот гол против Пик Сегед верувајте дека ќе ве натера никогаш повеќе да немате сомнеж во неговите квалитети.
Во моментите кога Пик Сегед повторно се одлепи на највисоки девет голови, Дибиров постигна ретко виден гол на ракометните терени, од позиција од која не се ни гледаше голот на Пик Сегед. Дали со овој погодок започна и големиот пресврт на вардарци, одлучете сами, но факт е дека русинот постигна гол од „сооблекувална“.
Неверојатниот гол на Дибиров, на кој не остана рамнодушен ниту Алиловиќ, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.