Изминатиов викенд четирите најдобри екипи во Европа се бореа за трофејот од лигата на шампионите, а на крајот тој заврши во рацете на само една екипа. За наша среќа титулата за Европски шампион им припадна на Вардарци, кои во големото и епско финале го победија тимот на ПСЖ. Претходно совладана во полуфиналето беше и Барселона. Интересно е што двата натпревари ги добивме со погодоци, речиси со звукот на сирената. Циндриќ и Чупиќ се хероите на Вардар, но и сите останати кои оставија срце на терен, на овој завршен турнир во Келн.
Погледнете ги најинтересните и највозбудливи моменти од Ф4 во Келн, каде Вардар стана шампион на Европа.