Екипата на РК Вардар 1961 со победа се врати од гостувањето кај екипата на Монпелје. Ова беше и деби триумф за Давид Дејвис како нов кормилар на Вардар, што се однесува до настапите во ЛШ.
Заслужена победа за Вардар (25:28), со оглед дека имаше водство и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Одличен на голот беше Мартин Томовски кој имаше 13 одбрани, додека Оливие Њокас постигна 5 голови.
Најинтересните моменти од натпреварот можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.