И во 2017-тата година тимот на Вардар беше тотален аутсајдер во дуелот со Барселона за пласман во големото финале, па ги победи со гол во последните секунди на Циндриќ. Нека биде и овој пат така во Келн, немаме ништо против.
Потсетете се на овој незаборавен момент и погодокот на четири секунди пред крајот вреден финале, а потоа и титула за Вардар.