Ракометна репрезентација на Македонија остана непоразена и во вториот тест-меч на гости со Словенија, Одигравме 23-23 и на вчерашниот дуел во Целје, како и на првиот меч во Кршко. Момците на Ивица Обрван имаа водството од два гола во самиот финиш, но не успеаа сето тоа да го крунисаат со триунф.
Први отворија домашните, но црвено-жолтите направија серија 0-3 со головите на Костески и двата на вардаровиот капитен Филип Лазаров. Словенците го преземаа водството со 5-4, но нашите момци серија 0-4 за предност од 5-8. Словенците имаа подобра игра во вториот период од првите 30 минути и мечот го однесоа на пауза со резултат на семафорот од 13-12. Вториот дел повторно припадна на избраниците на Веселин Вујовиќ кои зголемија на 16-13. Македонците влегоа во мини-серија од 0-3 за изедначување 16-16 со погодоците на капитенот Кире Лазаров(2) и Кузмановски. Во продолжението следеа минути на нашите момци кој успеаа да поведат со 19-21. До крај на дуелот домаќините се покажаа како повешти и ја анулираа нашата предност погодија 4 пати, а ние 2 пати за крајниот резултат во Целје 23-23. Кај нас најефикасни беа Кире Лазаров 7- гола , Костески и Кузмановски 3 гола,а Митков, Прибак и Филип Лазаров имаа по 2 реализации на овој тест-дуел.