Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Сите одземани топки на играчите на Вардар, во финалето против ПСЖ
(ВИДЕО) Сите одземани топки на играчите на Вардар, во финалето против ПСЖ

(ВИДЕО) Сите одземани топки на играчите на Вардар, во финалето против ПСЖ

Вардар одигра тактички добро во големото финале против екипата на ПСЖ, каде успеа да ги запре на само 23 постигнати голови. Тоа се најмалку постигнати погодоци на шампионот на Франција на еден натпревар во лигата на шампиони, во оваа натпреварувачка сезона. После Вардар, најдобра одбрана против ПСЖ, одигра екипата на Нант и тоа во осминафиналниот дуел одигран во Нант.

Тренерот Раул Гонзалес ги затвори најопасните играчи на ПСЖ. Така Карабатиќ, Хансен и Генсхајмер постигнаа само 11 голови. Вардарци во текот на целиот натпревар имаа неколку украдени топки, кои во голови ги претвараа Дибиров, Шишкарев и Циндриќ. Погледнете како изгледаше тактичката поставеност во одбраната на црвено-црните и сите одземани топки, кога во напад беше тимот на ПСЖ.