4-ти јуни ќе остане вечно запаметен во срцата на вардаровите навивачи, денот кога Вардар ја покори Европа и ја освои Лигата на Шампионите, прва не само во историјата на Вардар, туку и во машкиот ракомет во Македонија. Црвено-црните одиграа одлична сезона и успеаа да направат голем подвиг. На завршниот турнир во Келн, за еден гол, бевме подобри од екипите на Барселона и ПСЖ.
Видео кое сигурно многу пати сте го погледнале, на кое никој нема да остане рамнодушен.